Се подготвува итна евакуација на британските туристи од Грција
Велика Британија се подготвува за брза евакуација на сите Британци, кои во моментов се на одмор во Грција, во случај на финансиски крах на оваа земја, пишуваат британските медиуми. Според “Дејли експрес” владината администрација во Вајтхол и локалните туроператори се подготвени да ги вратат во Велика Британија 110 илјади. Туристи, кои сега се одморат во грчките летувалишта, ако поради должничката криза банките во Грција и банкоматите останат без пари или ако треба земјата да ја напушти еврозоната и единствената европска валута.
Ова ќе биде најголемата евакуација на Британците во мирно време, пишува “Дејли експрес”. Други изданија забележуваат дека британската влада се плаши од можноста Британците да останат “заробени ” во Грција без готовина, во случај да кризата предизвика затворање на грчките банки, што би можело да се случи ако Владата на левиот премиер Алексис Ципрас и кредиторите не успеат да се спогодат. Во меѓувреме британските туроператори ги намалуваат цените на екскурзија во Грција, но поради актуелната финансиска и должничка криза се плашат да склучуваат договори за летување, тврди конзервативниот “Дејли телеграф”.
Истражување на туристичкиот пазар во Велика Британија покажува дека бројот на договорите за одмор во Грција оваа година е намален за 50% во споредба со истиот период минатата година. Како главна причина за избегнување на Грција, инаку традиционална дестинација за одмор и патувања на Британците, се наведува кризата во оваа земја и неизвесноста со локалните банки. Британското Министерство за надворешни работи од некое време ги советува британските туристи кои патуваат во Грција, да имаат во себе готовина и да не се потпираат само на банкарски картички.