Лидерите на ЕУ постигнаа согласност за азилантите
Објавено на 26 јуни, 2015 во 08:34
Лидерите на Европската унија во принцип се согласиле во врска со распределбата на околу 40 илјади баратели на азил, но оставија деталите за тоа да бидат усогласени подоцна. Исто така за натаму е одложено и тоа дали земјите членки би требало да бидат обврзани да преземаат мигранти.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека во наредните две години ќе треба да се распределат 40 илјади мигранти од Грција и Италија.
Извор:Радио Слободна Европа