Се урна спортски авион на плажа во Сплит
Двајца загинале, а еден е тешко повреден при пад на еден мал спортски авион пред плажа во близина на Сплит. Несреќата се случила вчера попладне кај Каштел Штавилиќ.
Авионот на компанијата European Coastal Airlines (ECA) во кој имало три лица се урнал од засега непознати причини точно пред плажата на хотелот „Ресник“, едвај избегнувајќи да предизвика голема катастрофа удирајќи во многубројните туристи и капачи кои во тој момент биле таму.
Туристите и локалното население веднаш пришле да помогнат, но двајца во авионот веќе биле мртви.
Според информациите на хрватските медиуми, авионот служел како репрезентативно летало и не бил користен за комерцијална употреба. Во моментот на падот со авионот управувал пилот на обука, а од полетувањето до уривањето поминале само четири минути. Очевидци од местото на настанот тврдат дека авионот пред да се урне во водата прво со крилото удрил во настрешницата на хотелот.