Унгарско-српски патроли на границата со Македонија
Заеднички патроли на унгарската и српската полиција од денеска се распоредени на границата со Македонија, за да се заштитат граничните премини од илегален влез на мигранти, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ, јави Радио Слободна Европа.
Според него, 10 унгарски полицајци во четири патроли заедно со своите српски колеги ќе патролираат на границата, а наскоро се очекува да дојдат и германски и австриски полицајци. Министерот вели дека очекува да дојдат 20 германски полицајци и 10 австриски. Тој вели дека се работи за граница долга 94 километри која не е лесно да се заштити. Според него не се проблем оние кои ќе побараат азил и регуларно ќе побараат да минат низ Србија, туку оние кои немаат никакви документи и само велат дека доаѓаат од несигурни земји.