Во Франција денеска минута молчење за жртвите во Париз
Објавено на 16 ноември, 2015 во 09:03
Во Франција попладне на последниот ден од тридневната жалост со минута молчење ќе им биде одадена почит на жртвите на терористичките напади во Париз, јави Радио Слободна Европа.
Претседателот на Франција Франсоа Оланд по нападите во кои загинаа околу 130 луѓе а над 350 беа ранети прогласи вонредна состојба во земјата со зголемени безбедносни мерки, како и контрола на границите, а распоредени се илјадници дополнителни војници и полицајци.
Извор: Радио Слободна Европа