Франција го погоди „срцето“ на ИД
Објавено на 16 ноември, 2015 во 09:12
Воздухопловните сили на Франција извршиле масовни воздушни напади во сирискиот град Ракот, кој се наоѓа во рацете на групата “Исламска држава”. Ова го соопшти военото министерство на земјата.
Според податоците на Министерството, цитирани од АФП, фрлени се околу 20 бомби. “Првиот уништен објект е користен од Даеш (Daech – акроним на ИД на арапски, бел.ред.) Како команден пункт центар за регрутирање на џихадисти и магацин за оружје и муниција. Вториот уништен објект е камп за обука на терористи “, се прецизира во соопштението на министерството.
Извор: Локално