Косово:Приведени тројца пратеници, вечерва седница без опозицијата
Парламентот на Косово вечерва на седницата на која не присуствуваат претставници на опозицијата, усвои неколку предлог закони и извештаи до надлежните органи на централно ниво.
Усвоените закони за ратификација и две спогодби со Луксембург, потоа закони за раководење со јавни финансии, државен ревизор, судска медицина и многу други.
Седницата траеше до доцна во ноќта и пратениците размислуваат за формирање на ад хок комисија за избор на кандидат за одбор на директори на Радио телевизија Косово.
Полицијата денес после првиот дел на седницата, на која пратениците на опозицијата фрлија солзавец, по налог на надлежниот обвинител се притворени Фисник Исмајљи, кај кого за време на влегувањето во зградата на Парламентот е пронајден солзавец, како и Хаџи Шалу и Исмаил Куртеши, коо го активираа солзавецот на почетокот на денешната седница.
На уапсените пратеници од опозицијата одредено им е полициско задржување од 48 часа.
Односот на опозицијата го осудија од канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ на Косово според кој е насилна острукција на работата на Собранието и е неприфатлива и нема да реши ниеден проблем.ПОвикаа на дијалог, за да се спречи евентуална ескалација на насилството.
Извор: Локално.мк