Оградата за мигрантите на австриската граница ќе има дупка
Оградата што австриските власти ја подигнаа спрема Словенија, ќе има дупка од повеќе метри, бидејќи еден од сопствениците на земјиштето на кое се поставува жицата не дал ододбрение за користење на неговиот имот.
Како што пишуваат медиумите во Виена, планот е до крајот на оваа година Министерството за внатрешни работи на Австрија да го преуреди граничниот премин Шпилфелд, што најмногу се користи во бегалскиот бран, преку подигнување ограда во должина од 3,7 километри и висона од 2,5 метри.
Но, таа ограда ќе има дупка од околу 8 метри, бидејќи еден од соспствениците на змејиштето не се согласил да го даде на користење, па Министерството најавува преземање на други „технички“ и „полициски“ мерки.
Се работи за поранешен член на локалното собрание на Грац, Хелмут Штробл, од Народната партија на Австрија, чиј член е и министерката за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер.
Тој вели дека дупката нема да биде 8, туку 35 метри, и дека не дозволува ограда на својот имот, бидејќи според него тоа е „глупост“. Како втора причина, зошто не се согласува со ова, Штробл навел дека преку неговиот имот минуваат многу патишта кои водат до соседна Словенија, и кои ги користат велосипедистите.
Извор: Новатв.мк