Шпанскиот премиер доби бокс во лицето за време на предизборна кампања
Објавено на 17 декември, 2015 во 09:59
Шпанскиот премиер, Маријано Рахој доби удар во лицето за време на предизборна кампања во својот роден регион Галиција.
Шеесетгодишниот премиер не е повреден во инцидентот, но како што јавуваат локалните медиуми, тој подоцна се појавил со црвена трага на лицето.
-Еден млад човек силно го удри премиерот по што на Рахој му паднаа очилата во момент додека минувал низ улици на градот Понтеверда за време на кампања. Младиот човек за кој е утврдено дека е малолетен е уапсен – соопшти полицијата.
Извор: Канал 77