Словенија на референдум ги отфрли геј браковите
Објавено на 21 декември, 2015 во 09:08
Скоро две третини од оние што гласаа на вчерашниот референдум во Словенија се изјаснија против истополните бракови.
Од милион и седумстотини гласачи на референдумот излегоа 36 насто. Словенечкиот парламент во март годинава го редефинира бракот како „заедница на двајца возрасни“, а не како што претходно беше „заедница на маж и жена“ и им дозволи на хомосексуалните парови да можат да усвојуваат деца.
Но, конзервативните организации поддржани од Католичката црква инсистираа на спроведување референдум.
Словенците и во 2012 година не референдум се изјаснија против ваквите бракови..