Две жени повредени во експлозија на аеродром во Истамбул
Повредени се две жени, кои го чистече салонот, едната е во животна опасност Може да е и терористички акт, соопшти yenisafak.com. Во моментов се земаат примероци од местото на експлозијата, како ќе се утврдува на што се должи таа.
Две жени се повредени во експлозија на аеродромот Сабина Гокчен во Истанбул, соопшти утрово авиокомпанијата Пегасус, наведувајќи дека инцидентот не ги загрозил редовните полетувања и слетувања на авионите.
Експлозијата се случила околу 2 часот по полноќ во делот каде што се паркирани авионите и при тоа се повредени две лица задолжени за чистење на авионите. Едниот од нив бил потешко повреден и имал повреди во главата. За сега не е позната причината за експлозијата, но веднаш по инцидентот полицијата ги засили безбедносните мерки на влезот на аеродромот.
Полицијата исто така врши контроли на возила во близината на аеродромот, додека хеликоптер го надлетува подрачјето.Може да е и терористички акт, соопшти yenisafak.com. Во моментов се земаат примероци од местото на експлозијата, како ќе се утврдува на што се должи таа.
Се проверува верзијата за терористички акт за експлозијата на истанбулскиот аеродром