Осумнаесет мигранти се удавија во Егејско море
Објавено на 25 декември, 2015 во 09:34
Турски медиуми јавија дека осумнаесет мигранти денеска загинале откако нивниот чамец се превртел во Егејското Море на пат за грчкиот остров Лезбос.
Меѓу загинатите има неколку деца, од кои и едно бебе. Според медиумите, спасени се 21 мигрант. Чамецот отплавил од турскиот град Дикили, а се превртел поради големите бранови.
Чамецот потонал во водите крај селото Бадемли.