Жестоки протести против новите рестриктивни мерки во Берлин
Објавено: 18 ноември, 2020, во 13:09 часот
18.11.2020
Германската полиција употреби водени топови против демонстрантите кои се собраа во центарот на Берлин во знак на протест против гласањето во парламентот за законот што треба да ѝ овозможи на владата да го олесни воведувањето ограничувања во борбата против вирусот корона.
Според Ројтерс, неколку илјади луѓе се собрале во Берлин, удирајќи во тенџериња и дувајќи во свирчиња.
Членовите на Бундестагот најпрво ќе разговараат, а потоа ќе гласаат за законот, што ќе биде основа за воведување на рестриктивни мерки, кои вклучуваат задолжителна употреба на маски во јавноста.

Тие ќе одлучат за нацрт-законот што ќе ѝ овозможи на германската влада самостојно да воведе анти-епидемиски ограничувања, без собраниска процедура, според АП.
Поставени се заштитни огради околу државните институции во случај демонстрантите да не ја почитуваат забраната за собири.
Мите Јаначков

