Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата

Објавено на 19 мај, 2021 во 10:31

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.793 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 186.146 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.179 граѓани, вчера вкупно се аплицирани 12.352 дози вакцини.

Во државата вкупно се аплицирани 219.977 дози вакцини,  ревакцинирани се 33.831 граѓанин.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.