Во гасењето на пожарите вчера ангажирани 539 полициски службеници
Објавено на 19 август, 2021 во 12:46
Во текот на изминатото деноноќие во активностите за гасење и превенирање на пожарите на целата територијата на државава беа ангажирани 539 полициски службеници, при што се реализирани 224 мото-патроли и користени 166 моторни возила. Како што информира МВР, на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.
МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.
– Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, порачуваат од МВР.