Воведени забрани за сообраќај на тешки товарни возила на повеќе патни правци
Од 4:50ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар – Маврово. Од 08:30ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража. Од 09.00ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Г.П. Деве Баир.
Во северните и североисточните краеви на земјата поради паѓање на снег и дожд сообраќајот се одвива по влажни коловози додека во останатите делови на земјата сообраќајот се одвива по местимично влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто мото сојуз на Македонија, препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.