Времето денеска ќе биде сончево со променлива облачност
Објавено на 25 октомври, 2021 во 09:22
Времето денеска ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Утрински температури, утре наутро понекаде ќе се спуштат на некој степен под нулата. Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла. До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со мала облачност, а потоа ќе има зголемена облачност во јужните делови. Од четврток утринските температури во поголемиот дел од земјата ќе се покачат за неколку степени.