Времето денеска: Облачно, свежо со повремен локален дожд
Објавено на 11 октомври, 2022 во 08:24
Облачно и свежо со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се движи помеѓу 8 степени и 15 степени додека дневната од 10 до 19 степени.
Во Скопје облачно и свежо со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура изнесува 12 а дневната ќе се покачи за четири степени и ќе се движи околу 16 степени.
Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температурата ќе се движи помеѓу 6 и 14 степени а дневната помеѓу 12 степени и 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд.