Времето денеска променливо облачно и релативно топло
Објавено на 16 март, 2022 во 09:42
Времето денеска променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен ветер од западен правец, особено во западните делови. Во текот на ноќта во североисточните и источните делови ќе има слаб локален дожд.
И утре ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд, а на планините снег.
Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен локален слаб снег.
Температурите повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.