Времето денеска сончево и потопло
Објавено на 13 април, 2022 во 09:31
Сончево и потопло со мала локална облачност во планинските региони и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Во петок ќе преовладува претежно сончево време и наутро постудено, а преку денот со се повисоки температури.
Во сабота облачноста ќе се зголеми и потоа ќе има услови за слаб локален дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во недела и понеделник кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има позначително спуштање на температурите.