Заев: Причината за пожарот ќе ја даде МВР
Објавено на 4 октомври, 2021 во 11:22
Јас не можам да дадам наредба, налог, на орган кој не е под наша надлежност, тоа обвинителство. Можам да апелирам да се објави извештајот, вели премиерот Зоран Заев во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.
-Можам да побарам од МВР да го објават извештајот. Поминуваат недели, треба да се дадат одговори, прво за граѓаните, потоа и за нас, за да носиме одлука. Очекувам од следните денови да се објават од МВР детали од форензиката, а ОЈО, да продолжи со истрагата. Но, одговорот за како настанал пожарот и што се случило, сите детали поврзани со моментот, очекувам да бидат јавно објавени за да можам да ја донесам одлуката за поденесетните оставки на министрите , рече Заев.