Западот планира да ја ограничи цената на руската нафта, очекуваат намалување на цените на горивата

Западните лидери кои се собраа на состанокот на Г7 одлучија да се обидат да ја ограничат цената на руската нафта, изјавија неименувани официјални лица за Си-Ен-Ен.
Се уште не се знае како, кога и колку ќе се ограничи цената на руската нафта, а се уште се работи на прецизен механизам за воведување рестрикции.
Бидејќи цените на нафтата драстично пораснаа, приходите од руската нафта всушност растат и покрај санкциите. Западните лидери сакаат да ги намалат приходите на Русија од земјите кои сè уште ја купуваат нејзината нафта.
Не е јасно како тие имаат намера да го направат ова. Неименуван функционер пред Си-Ен-Ен сугерирал дека земјите од Г7 имаат влијание преку мрежите за транспорт на нафта што би можело да помогне во спроведувањето на ограничувањата.
