Министерството за земјоделство апелира да продолжи откупот на лебно жито

Објавено на 19 август, 2013 во 15:42

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира сите инволвирани страни во откупот на пченицата да бидат фокусирани на продолжување со достигнување и од над утврдените 120.000 тони, односно 82 проценти од планираната количина домашна пченица.

Оттаму велат дека секојдневно ја следат состојбата на терен и количината на откупена домашна пченица преку постојана комуникација со здруженија на земјоделците-производители на пченица и мелничко-пекарскиот сектор.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.