Зголемен бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром

Објавено на 19 декември, 2023 во 12:07

Бројот патници на меѓународните аеродроми во Охрид и во Скопје во периодот јануари – ноември оваа година достигна 2,9 милиони, што е за 32,1 насто повеќе споредбено со истиот период од минатата година, соопшти компанијата „Aeroports de Paris“.

Само во ноември, бројот на патници достигна 244.719, што е за 54,1 насто повеќе од ноември 2022 година, се вели во денешното соопштение од компанијата.

За истиот период до и од двата аеродроми резлизирани се 21.941 лет, што исто така е занчително зголемување од 22,1 насто во споредба со првите 11 месеци од 2022 година.

Само минатиот месец на двата аеродроми се реализирани 2.006 полетувања и слетувања или 45,2 проценти повеќе отколку во ноември минатата година.

„Aeroports de Paris“ поседува 46 проценти од акциите во турски „ТАВ“, компанијата што управува со двата аеродроми во земјава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.