АХВ со нов правилник за промет на храна од животинско потекло

Објавено на 19 август, 2019 во 07:51

meso fin

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи прес-конференција на тема: Дефинирање на условите за ставање во промет на храната од животинско потекло наменета за директно снабдување до крајните потрошувачи од страна на производителите согласно новиот правилник на АХВ.

Како што соопштија од Стопанската комора, на прес-конференцијата најавено е присуството на Ванчо Новоселски – в.д. раководител на Секторот за инспекциски надзор во Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници на АХВ, претставници од работната група која учествуваше во изработката на новиот правилник, и Јован Дабевски од компанијата „Трница“ ДОО.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.