Сосотојба на патишта

Објавено на 5 јануари, 2016 во 09:12

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои по влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на Страцин до 50метри.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани –М.Каменица – Делчево, Виница – Берово,Гостивар – крак Маврово,Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

За сите подетални информации јавете се на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја  веб страницата  www.makedonijapat.com.mk.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.