Владата предложи отворање на нов државен Универзитет – „Дамјан Груев“

Објавено на 15 јануари, 2016 во 09:37

Владата на Република Македонија во Собранието на Република Македонија предложи Закон за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, пишува „Академик“.

„Со Законот за  основање на универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје, се основа нов државен универзитет од областа на националната одбрана, безбедност и мир во Република Македонија“, се вели во законското образложение.

Во образложението се вели дека целта на предложеното законско решение е задоволување на потребите од високостручни кадри од полето на националната одбрана, безбедност и мир, како и создавање на кадри за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

Во законот се пропишува дека Универзитетот се основа со следните високообразовни единици во негов состав:

  1. Воена академија за копнена војска „Генерал Михаи­ло Апостолски“;
  2. Воздухопловна академија „8-ми Септември“;
  3. Факултет за безбедност „Никола Петров Русински“;
  4. Mедицински факултет „Др. Христо Татарчев“;
  5. Факултет за мировни студии и кризен менаџмент „Пере Тошев“;
  6. Правен факултет „Павел Шатев“
  7. Институт за командни и штабни функции и лидерство „Тодор Александров“ и
  8. Институт за информатички технологии и сајбер безбедност.

Во предложениот закон се вели дека на единиците на Универзитетот можат да се запишуваат питомци кои ги испол­ну­ваат следните општи услови да се државјани на Република Македонија; да положиле државна матура, меѓународна матура или завршен испит по завршено стручно средно образование со четиригодишно траење; да не се постари од 21 година, и да се психофизички способни.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.