Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

han fin

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан пристигна во Скопје каде пред Владата беше пречекан од премиерот Зоран Заев.

Хан ќе присуствува на 79-тат владина седница чија единствена точка на дневен ред е Информацијата за концептот и структурата на преговори за пристапување на Република Македонија во ЕУ по што се очекува да има заедничка прес-конференција со премиерот Заев.

Еврокомесарот ќе го посети и Собранието, каде ќе се сретне со собранискиот спикер Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а ќе има обраќање и пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во македонското Собрание.

Со доаѓањето на Хан во Скопје се означува стартот на скрининг процесот за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Ќе се врши скриниинг на повеќе области, меѓу кои клучните посочени за реформирање – владеењето на правото, судството, борбата против корупцијата, безбедносните и разузнавачките служби, јавната администрација.

Како што веќе најави премиерот Зоран Заев минатата недела за 33. поглавја за Македонија, Владата ќе треба да формира 33 работни групи во кои ќе се ангажираат над илјада лица од институците и од граѓанскиот сектор.

Претстои и формирање тимови за преговори, а на седницата ќе бидат одредени преговарачите за политичкиот и за техничкиот дел.

Скринингиот е процес со кој се проверува нивото на подготвеност на земјата да води преговори.

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.