Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

parlamentarniizbori2020 fin

2.07. 2020

Вкупно 1.814.263 граѓани имаат право да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 15 јули. Државната изборна комисија (ДИК) вчера го заклучи Избирачкиот список. Во меѓувреме, кампањата продолжува со уште позасилено темпо. Сé погласни се партиските ветувања и препукувања. Покрај претставувањето на програмите, доминираат повиците за масовна излезност, се ветуваат реформи и економски просперитет.

Коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ синоќа од Струга уште еднаш порача дека земјава е на вистинскиот пат и дека времето на режимот заврши. Според ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија”, време е за историска победа и за обнова на државата. ДУИ продолжува да ја турка идејата – Албанец премиер, додека коалицијата „Сега е време” на Алијанса за Албанците и Алтернатива најавува промени.

Своите програми ги претставија и македонската конзервативна партија Интегра на средба со граѓани во Тетово, како и Македонски концепт на средба со граѓани во Скопје.

Здруженијата на граѓани, пак, ги повикаа политичките партии кои учествуваат на изборите да потпишат декларацијата за приоритетно донесување на законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на идниот парламентарен состав. Иницијатори на декларацијата се: Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД), Национална мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата (НМХТ), Платформа за родова еднаквост, Македонска платформа против сиромаштија (МППС), Мрежа 23, Неформална мрежа на ромски организации, Блупринт група за реформи во правосудството, Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата, Платформа за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ) кои заедно бројат повеќе од 100 здуженија.

Кампањата продолжува и денеска. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев утрово ќе даде изјава за медиумите. пред Собранието, а носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средби со граѓани во неколку градови.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ги посети општините Дебар, Маврово Ростуше, Гостивар и Тетово, носителот на листа во ИЕ2, Владо Мисајловски ќе даде изјава во Визбегово и ќе оствари средба со жителите на Ѓорче Петров, носителот на листа во ИЕ 3, Игор Јанушев ќе оствари средба со жителите на општина Свети Николе, додека носителот на листа во ИЕ 4, Алекснадар Николоски ќе оствари средба со жителите на село Пепелиште општина Неготино, како и средба со жителите на село Криволак.

Караванот на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија” ќе оствари средби со граѓаните во скопските општини кои припаѓаат на изборните единици број 1 и 2. Носителите на листи во и.е. 1 и 2, Билјана Џинго и проф. д-р Јове Кекеновски како и претседателот на Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев ќе дадат изјави за медиумите пред спомена куќата на Мајка Тереза.

Прес-конференцијата најави и коалицијата „Сега е време” на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново