Корисни совети за домот: Ослободете се од производите што не ви требаат
Голем дел од предметите во домот ни се од голема корист, еден дел ни служат за декорација, а некои предмети немаат никакво значење, ама едноставно си ги чуваме бидејќи не можеме да се одлучиме да ги фрлиме.
Без разлика на тоа дали ни се корисни или не, сè додека не ни штетат, предметите во домот не претставуваат поголем проблем.
Сепак, треба убаво да се размисли за секој предмет, бидејќи некои од нив, колку и да изгледаат корисни, всушност се многу штетни за нашето здравје.
Антибактериски сапуни
Овие сапуни содржат состојка која предизвикува оштетување на штитната жлезда, разни инфекции и хормонски пореметувања. Заменете ги со обични сапуни, кои не се ништо помалку ефикасни, а не се ни штетни за здравјето.
Освежувачи за простории
Спрејовите или освежувачите кои се приклучуваат на струја навистина го освежуваат воздухот во просториите, барем досега така мислевме вдишувајќи го пријатниот мирис кој го испуштат. Овие освежувачи содржат хемикалии кои предизвикуваат алергии и ред други посериозни заболувања. Ослободете се од вештачките освежувачи и широко отворете ги прозорците. Нема подобра свежина од онаа која доаѓа од надвор.
Средства за чистење
Сигурно сте пресреќни ако вашето средство за чистење рерна е премногу ефикасно и без проблем ја топи мрснотијата.
Токму тие супер моќни средства содржат тешки хемикалии за кои не би сакале ни да помислите како се одразуваат на здравјето.
Изберете поблаги средства за чистење. Можеби малку ќе се помачите и ќе треба да вложите енергија, но нема да вдишувате и допирате отрови.
Знаете ли вие некои други штетни производи од кои секој дом треба да се ослободи?