Зошто ја сакаме пролетта?
Сивите утра полека, но сигурно веќе останаа зад нас. За многумина, токму пролетта е омилено годишно време. Сте се запрашале ли зошто е тоа така?
Пред самиот почеток на жештините, а по долгите зимски денови, пролетта е вредна за чекање. Тоа е период кога изутрина ве буди гласот на птиците, зракот на сонцето и тивкиот ветер.
Во продолжение ви издвојуваме неколку причини зошто ја сакаме токму пролетта:
– Никогаш не е премногу жешко, ниту премногу студено. Секогаш, можете да излезете на прошетка и да го искористите сончевиот ден – што не е случај во летото.
– Небото се бои во сите нијанси на сината; од светло сината па се до мастилните нијанси.
– Дождот не претставува пречка за излегување. Напротив, пролетниот дожд изобилува со мирис на спокој и мирисот на липите.
– Прекрасно време за да читате книга во двор или на тераса, додека во позадина слушате детска смеа.
– Пролетта со себе го носи доброто расположение, затоа отворете ги прозорците и уживајте во свежината.
– Ова е период кога можете да ги отворите прозорците од автомобилот, и да ги развеселите останатите со добра музика.
– Не мора да се облекувате премногу. Ако во зимскиот период излегувавте со повеќе облека на себе, ова значително ќе се намали, со што ќе почувствувате и големо олеснување шетајќи.
– Сè расцутува, можете да видите преплет од илјадници бои. Тоа е прекрасно за да ги одморите очите гледајќи во дрвјата, зеленилата на планините, цветовите.
– За пролетта, велат дека е период на реинкарнација. Период кога зачекоруваме со енергичност, самодоверба и значително сме посреќни.
– Пролетта е време на заљубување! Според научниците, пролетта е период од годината кога луѓето најчесто се одлучуваат да застанат на ‘лудиот камен’.
– Дали и вие сте се заљубиле на пролет? Зошто ја сакате пролетта? Споделете ги вашите доживувања со нас и да ја дополниме заедно листата.