Совети за домот: Измијте го загореното тенџере без употреба на жица
Објавено на 15 април, 2015 во 08:39
Доколку тенџерето во кое сте подготвувале манџа подолго време сте го заборавиле на оган и ви загорело, не брзајте да го триете со жичка.
Наместо тоа во него ставете 1 мало филџанче вода и 1 мало филџанче киселина.
Течноста треба само да зоврие, а тенџерето се остава на оган 5 минути.
Потоа се трга од оган и се остава да постои уште 30 минути.