Љубов или кариера?!
Кога станува збор за избор меѓу двете, одговорот никогаш не е лесен.
Има непомирливи романтичари кои ќе речат дека секогаш треба да се обложите на љубовта. Од друга страна, има амбициозни луѓе кои се подготвени да го стават настрана личниот живот, додека не постигнат барем дел од плановите за кариера.
Но, сериозно, ако воопшто некогаш треба да правите сличен избор, ќе треба добро да ги разгледате можностите, за потоа да не се покаете.
Љубов или кариера – Што треба да знаете?
Вистинската љубов е тешка за откривање. Таа е посебна и ќе ја препознаете. Значи, ако ја најдете, тешко ќе ви се наложи да бирате. Станува збор за оној тип врска која ве тера да се чувствувате среќно на крајот на денот.
Во исто време добрата кариера и добрите финансиски можности можат да ви обезбедат подобар животен стандард.
Дури и да имате совршен партнер, ако страдате од “беспарица“ и ниска самодоверба, едвај ќе живеете среќно засекогаш. Во исто време вистинската љубов треба да може да ги издржи сите кризи.
Ако двајца луѓе навистина се сакаат, не треба да се загрижени, ако во текот на неколку години им се наметнува да поминат малку време заедно, поради службените обврски. Тие дури и треба да се поддржуваат во своите амбиции и да не се откажуваат од желбата да имаат повеќе во името на подобра иднина.
Ретко некој би се откажал од идеални односи, за да брка нешто што никогаш нема да го задоволи на 100%.
Кога треба да направите избор меѓу љубовта и кариерата, на крајот ќе дознаете она што навистина е важно за вас. Секоја врска е уникатна, но и секој човек има сопствена идеја за постигнување на среќата.
Ако ја одберете љубовта:
Ако одлучите да се држте до љубовта и се откажете од подобри можности во кариерата, треба да се запрашате неколку работи.
– Ќе имате ли други можности за движење напред во кариерата? Повеќето вљубени, почнуваат да се каат, ако ја одберат љубовта пред кариерата уште при првиот посериозен судир или спор со партнерот.
– Ќе чувствувате ли горчина од одлуката? Горчината е бавен убиец на односите. Ако ќе жалите дека се откажувате од одредена работа може, без да сфаќате, да го замразите партнерот со текот на времето и да го обвинувате за својот неуспех.
Ако ја одберете работата:
– Ако одлучите да ставите крај на врската за да се преселите во друг град или држава поради работата, треба да размислите дали можете да најдете слична љубов. Може и никогаш повеќе да не пронајдете партнер кој ќе ве сака толку многу. Сепак, ако сте решиле да се фокусирате на својата кариера, тогаш не гледајте назад и не размислувајте за изгубената љубов.
Можете ли да се движите напред во животот и да заборавите сè за него / неа? Можете ли навистина да оставите сè зад себе? Нема смисла да се става крај на една врска, а потоа да се поминат неколку несреќни месеци, а во исто време да ја уништите својата кариера, поради депресија.
Изборот не е задолжителен:
Не секогаш мора да избирате меѓу љубовта и кариерата. Ако се сакате доволно, секогаш можете да измислите нешто за да ја зачувате врската.
Најтешко одлуката се донесува кога врската е “тазе“ и се уште е премногу кревка за да се соочи со сличен тест. Тогаш навистина треба да се запрашате дали новата емоција има потенцијал да процвета во вистинска љубов. И од друга страна да донесете одлука за тоа колку лошо ќе ви се одрази одбивањето на нова работа, која може да го бара целото слободно време или заради која ќе ви биде потребно да се преселите во друг град или држава.
Но какво и решение да донесете, не гледајте назад. Животот е кутија со мистерии и не е важно што ќе одлучите и други случајности и околности, може да го промени текот на настаните без дури тоа да го очекувате.
Сепак зошто мислиме дека љубовта мора да ја победи кариерата?
Вистинската љубов може да ви даде повеќе среќа отколку сите пари на Земјата. На крајот желбата за правење повеќе пари е, за да ги потрошите за среќни спомени со најблиските. Но ако заработувањето пари значи повеќе од самата љубов, тогаш за што да се борите во животот?
Сите имаме потреба од некого со кого ќе ги споделиме среќните и тажните моменти во својот живот. Некој да не прегрне и да не утеши, да ги направи нашите животи да имаат смисла.
Дури и да се сакате себе си премногу, сепак, ќе сфатите дека кариерата и парите немаат вредност, кога нема со кого да ги споделите.