Што ми е најважно денес ?
Тоа нека ви биде првата мисла секое утро. Заборавете на сите обврски, особено на оние кои ви будат чувство на нервоза или загриженост. Тековните обврски и онака ќе ги завршите, но барем нека не ви бидат прва мисла наутро и нека не влијаат на вашето расположение.
Насочете ја целата енергија на нешто што ќе ве исполни и запрашајте се што е тоа што денес треба да го направите, а што ќе ве расположи и ќе ве натера да се чувствувате корисно и исполнето.
Вдишете позитивно
Неколку длабоки вдишувања и издишувања, збогатени со позитивни мисли, се одличен рецепт за совршен почеток на денот. Помислете на вашите најмили, некој ваш успех, или едноставно на нештата кои ве прават среќни.
Поздравете го утрото
Отворете ги прозорците и вдишете свеж воздух. Почувствувајте го мирисот на утрото и дозволете да ве исполни со свежина.
Време е за движење
Кратка прошетка, возење со велосипед, џогирање, или неколку вежби во домашни услови се неопходни за раздвижување на телото и подигање на расположението.
Ако не сте љубител или немате време за активности во природа, најдете 5 минути за неколку едноставни вежби кои ќе ви дадат доволно енергија, која и тоа како ќе ви биде потребна во текот на денот.
Појадок
Овошје, свеж природен сок, житарици… Едноставно не смеете да го избегнете појадокот ако сакате да имате дел исполнет со енергија и свежина.
Секојдневното практикување на овие утрински ритуали ќе внесе позитивна енергија во вашиот живот, а одлично ќе влијае и на вашето здравје.
Всушност, целта на утринските ритуали е токму тоа – преку здрави навики до здравје и животна енергија.