Излезе трејлерот за долгоочекуваното продолжение на „Аватар“
Објавено на 10 мај, 2022 во 11:31
Првиот трејлер за долгоочекуваното продолжение на научно-фантастичниот спектакл „Аватар“ во режија на Џејмс Камерон конечно е пред публиката.
За нешто повеќе од 90 секунди од трејлерот, се враќаме во волшебниот свет на планетата Пандора, каде херојот од првиот дел Џејк Сали живее со своето семејство.
Сместен повеќе од една деценија по настаните од првиот филм, „Аватар: Патот на водата“ започнува да ја раскажува приказната за семејството на Сали (Џејк, Натири и нивните деца), неволјите што ги придружуваат и битките што ги водат за да останат живи и трагедиите што ги трпат.
Премиерата е закажана за во декември.