Кина планира да испрати луѓе на Марс и таму да изгради вселенска база
Исклучително амбициозните планови на Кина за освојување на вселената оваа година почнаа да се претвораат во реалност.
Нивниот ровер стигна до Марс каде започна да снима и истражува, а како изгледа може да се види на видеото објавено минатата недела на кое се гледа неговото слетување на Црвената планета, како се движи околу неа, па дури и снима звуци од Марс.
Покрај испраќањето на ровер на Марс, Кина развива и своја вселенска станица, чии делови се веќе испратени во орбитата, а во моментов тројца астронаути престојуваат во својот прв модул.
По завршувањето на станицата, Кинезите ќе имаат место каде, како и на ISS, астронаутите ќе можат да престојуваат и да спроведуваат разни истражувања.
Но, роверот и станицата се само дел од големиот план за освојување на вселената што вклучува испраќање на човечки екипаж на Марс.