„Јануари“, нов божикен сингл на Боби Мојсовски

Објавено на 8 јануари, 2016 во 10:22

„Христос се роди и нека ни е за многу години! Ви посакувам здравје, среќа, љубов, берикет и се најдобро.

Како мој божиќен поклон ви го подарувам шестиот официјален сингл „Јануари“ чиј текстописец и композитор сум јас, а аранжманот е на Гоце Симоноски. Видео-записот е дело на Даниел Јовески.

„Јануари“ ја искомпонирав пред точно четири години, но сега одлучив дека е вистинскиот момент оваа нумера да биде објавена. Ви посакувам убави дни и се надевам дека ќе уживате, како што јас уживав додека го создавав“, изјави Боби Мојсовски.

Новата песна на Мојсовски слушнете ја на овој линк https://www.youtube.com/watch?v=mGVHoQf0anE

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.