Селин Дион подготвува нов албум

Објавено на 30 април, 2013 во 14:57

Еден од најмоќните женски вокали на светската музичка сцена, Селин Дион забрзано го подготвува новиот албум, кој би требало да излезе на есен . Таа им дозволи на камеритe да ја посетат во студиото да направат мини филм за снимањето на претстојното издание кое ќе го носи насловот „Water and a Flame“.

Во кратката снимка Селин работи на песна која ја опишува како „љубовна песна, но со малку горчлив тон“, а ја работи заедно со продуцентот Ег Вајт. Ова ќе биде нејзино прво издание на англиски јазик од 2007 година, кога го објави „Taking Chances“, а 25-то во нејзината кариера./В.Р

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=_fxO93sFU_0&feature=player_embedded{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.