(ВИДЕО) „Запиши ме“ нов сингл на Софија Манева!
Објавено на 19 мај, 2013 во 15:36
„Запиши ме“ е насловот на новиот сингл на кавадарчанката Софија Манева. За новата песна на Манева е изработена и видео приказна во која се појавува и нејзиниот дечко, Ѓорѓи Славев. „кожувчанка“ е генерален спонзор на новата песна на Софија.
Потписот на двоецот Перо Манев и Тони Соколов – Цока стои и зад новата љубовна балада на Софија, додека пак видео продукцијата повторно му беше доверена на Пепи Ангелов, кој ни доловил многу интересни кадри од висорамнината Витачево, преубавите плажи во Посиди, Грција, како и од најголемиот јавор во Тиквешијата, кој се наоѓа во дворот на основното училиште „Димката Ангелов Габерот“ во Ваташа.
погледнете го спотот за песната „Запиши ме“
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=3PXwobuZj8s{/youtube}