СИГИ со ремикс на „Топ“ на Слаткаристика!
Сиги е веќе докажан дечко на нашата рап сцена. Тој по неговиот втор соло албум “Рап работам” кој излезе оваа година ни докажа дека знае да напише и раскаже многу различни теми.
Така и летово, Сиги и неговата екипа како Токсиколози издадоа песна и спот за новата “Свет замислен”, а за да биде уште по топ, тој деновиве на Јутјуб се појави со нова верзија на веќе познатата песна “Топ” на Слаткаристика.
Со ремикс на Ивајо, Сиги со свој текст се залепи на модерниот хаус звук и ја раскажа неговата Топ приказна. Целата екипа заедно со Слаткаристика го одбележија моментот од прв пат изведената Ремикс песна и деновиве видеото го пуштија на Јутјуб каналот.
Со оглед на тоа дека досегашната “Топ” на Слаткаристика привлекуваше големо внимание, се очекува прифаќање и на новата верзија на Сиги за да прерасне во летен рап хит со хаус звук.
Чујте ја новата ремиксирана “Топ” на Сиги феат. Слаткаристика и погледнете го видеото:
{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=ANOvGcRgTO8{/youtube}