Небесен спектакл: На Сонцето се појавила џиновска дупка, еве како ќе делува на Земјата
На површината на Сонцето се појавила масивна дупка, дваесет пати поголема од Земјата, која до петок ќе испрати импресивен соларен ветер на Земјата, пишува „Дејли мејл“.
Ова е втора по ред коронална дупка откриена во последните неколку дена.
Отворената „коронална дупка“ ослободува сончеви ветрови со брзина од 2,8 милиони километри на час кон нашата планета и предизвикува формирање на прекрасни аурора бореалис.
Научниците внимателно ја следат ситуацијата за да видат дали ветровите ќе влијаат на магнетното поле на Земјата, сателитите и технологијата.
Короналните дупки ослободуваат соларни ветрови во вселената. Иако на површината на земјата тие немаат никави влијанија, сепак доколку се доволно силни можат да ја пореметат телекомуникацијата, да ги оштетат сателитите во орбитата или да ги загрозат астронаутите во Меѓународната вселенска станица.
Короналните дупки се многу честа појава на Сонцето, но најчесто се појавуваат во близината на неговите полови, додека последните две се појавија на екваторот.
Појавата на овие точки не е невообичаена. Сонцето моментално е во асцендент за единаесет години активност, што значи дека ваквите дупки ќе се појавуваат почесто.
Метју Овенс, професор по астрофизика на Универзитетот во Рeдинг, вели дека „положбата на оваа дупка на екваторот значи дека сигурно ќе видиме активност на сончевиот ветер на Земјата во наредните денови“.
Короналните шуплини можат да исфрлаат соларни ветрови чија брзина лесно може да достигне повеќе од 800 километри во секунда. Обликот на оваа коронарна празнина не е ништо посебно, но нејзината позиција е, објасни Даниел Вершарен, доцент по вселенска и климатска физика на Универзитетот во Лондон.
„Очекувам дека брзиот ветер кој ќе го испушти короналната дупка ќе пристигне на земјата помеѓу петок и сабота“, изјавил Вершарен.
„Аурорите што ќе ги видиме во некои делови на Земјата ќе бидат светли, но не како оние што ги видовме минатата недела. Бидејќи овие ветрови ја погодија нашата набиена атмосфера, тие можат да ги направат аурорите посветли, но немојте да мислите дека ќе да бидат видливи насекаде“, објаснува професорот.
Дума.мк