Валканите тајни на Монт Еверест!
Оваа недела светот слави 60 години од првото качување на Монт Eверест, меѓуота акцентот на јубилејот е ставен на не толку убави работи – тони отпад кои алпинистите со години го оставале зад себе во бројните обиди да стигнат до познатите врвови.
Глетките од падините на Монт Еверест денес веќе не се така убави како некогаш, а врвот е понекогаш преполн со смет.
Погледнете како изгледа целиот тој неред во бројки :
Се проценува дека околу 3.500 луѓе во изминатите 60 години успеале по сопствена желба да стигнат до врвот така да Еверест веќе не претставува искуство во дивината како што беше некогаш.
Во текот на само еден ден во 2012. Година на врвот стигнале дури 234 луѓе.
Еко Еверест експедицијата во 2008 година исчисти 13 тони отпад меѓу кои најмногу биле празни шишиња со кислород и човечки измет.
Речиси два и пол тони смет се прогласени за опасни по околината.
Околу 240 лица починале на пат до врвот а телата на многумина останале смрзнати на Еверест во т.н зона на смртта која се наоѓа на висина од околу 800 метри.
Речиси 1,5 тони е донесено од планината од страна на планинарите и 15 уметници од Непал,вклучувајќи ги тука и остатоците од хеликоптерот кој се сруши на планината во 1970 година.
Непалската влада од секој кој ќе одлучи да се качи на врвот на Еверест бара да остави депозит од 4000 долари. Тие можат да останат без овој депозит доколку со себе при симнување од планината не го понесат и целиот свој смет.
Стручњаците проценуваат дека на Еверест има уште 10 тони смет кое продолжува да го нарушува изгледот на едно од најуникатните места на Земјата.