Женски навики кои ги гушат мажите!

Објавено на 6 јули, 2013 во 09:05

Прочитајте кои женски особини на мажите не им се супер. Размислувајте како со промена на овие навики ќе се зближите како пар.

Гушење на место нежност и внимание

Гушење со преголема количина на внимание може да доведе до прекин на врската. Таквиот однос на партнерот праќа порака дека е момче кое всушност не знае што сака.

Комплекс на супериорност

Можеби веќе сте ја слушнале реченицата „А што да ти кажа се однесуваше типично машки“ .Секако,сите па и мажите имаат свои светли моменти но тоа не е причина за деградирање на личноста на само една карактеристика и димензија. И жените исто така мразат кога ги сведуваат само на,сексуален објект.

Делење на премногу информации

Стереотипите велат дека мажите и не се склони да разговараат за своите чувства. Но ако партнерот ви се отвори,понекогаш постои шанса дека вие во жарот на разговорот да ги пренесете информациите на својата мајка,сестра,пријателка,блиски личности со кои често зборувате за се и сешто.

Мажите ја ценат лојалноста и довербата. Задржете ги работите кои ќе ги подели со вас и така ќе изградите доверба во врската но и ќе ја поттикнете понатамошната комуникација. Значи,ситуација во која и двајцата сте добитници.

Прерано гледање во иднината

Вљубените жени сакаат романтични погледи во заедничка иднина. Тоа може да биде убава особина но исто така и иритирачка  помалку досадна. Можете да уживате во заедничката годишнина сега но не морате толку да замислувате како ќе изгледа вашата сребрена свадба.

Не ги цените неговите пријателства

Жените ги ценат своите пријатели и нивните совети но се склони да ги омаловажуваат машките пријателства. Најчесто тоа го прават затоа што сметаат дека машките пријатели се пречка на успехот на нивната врска. Го наговараат партнерот на глупости и му го одвлекуваат вниманието од важни работи. Секако,пријателствата кои ги склопуваат жените не се различни од оние кои ги склопуваат мажите. Поддржете ги и почитувајте ги неговите пријатели бидејќи така ќе придонесете за квалитет на врската.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.