Колумна: Сите работи ни идат од умот

Објавено на 4 август, 2014 во 05:40

 

Се што сме е резултат на она што сме помислиле – Буда. Не планирам да зборувам за религии, верувања и така натаму напротив истава оваа мисла можам да Ви ја најдам во неколку верзии низ повеќе религии, илјадници психолошки книги, милиони психолози и психијатри и така натаму.

Најважното е дека како сакаш спакувај ја реченицата резултатот се сведува на истото, ти си тоа што размислуваш и твојот живот е точно таков какви што ти се мислите.

Е добро сега јас неколку пати сум пробала да лежам во кревет и да си мислам дека сум милионерка и дека доволно ќе биде да го помрднам задникот од лева на десна страна од креветот и се ќе се реши ама вистината е дека не може да бидеме и тотални буквалисти. Задникот треба да се испоти за да се добие нешто, потете го како сакате не навлегувам во детали ама важно треба да се испоти за да стигнете до целта.

Пораснав со роднини кои уште нероден Петко капа му кројат! Се сопнало детево гребнало колено и тие – Леле мајко нога скрши! Која нога бе луѓе, чекајте се сопна, се гребна, ништо не му е, деца… така се расте!

Раскинав со дечко ми, домашните дома – ГОТОВО! Остана нашава стара мома! Чекајте бе луѓе, како тоа остана стара мома?! Зошто не си речете ајде ќе помине, ќе најде некој подобар, некој што вистински ќе ни ја чува и сака! Еј што сте песимистички настроени! Кај вас чашата ниту е полна, ниту е празна, некој ја украл… нема чаша!

Не велам дека со мисли ќе си ги исполните желбите и потребите ама што ќе те чини ако наместо да си кажеш – Ааа тоа нема никогаш да се случи не е моја среќа. Да си помислиш – Еден ден, здравје еден ден ќе биде!
Не кукај и не жали се себе, имаш две раце, две нозе, здрав-прав ништо не ти фали, не се прави од здрав-болен, зошто како што рече еднаш моја пријателка од УМОТ НИ ИДАТ СИТЕ БОЛЕСТИ, САМО ОД УМОТ!

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.