Како да ги отстраните дамките од црвено вино?

Објавено на 21 октомври, 2014 во 06:51

Многумина тврдат дека најдобро е дамките од црвено вино,да ги исплакнете со бело вино, но тоа не е добро решение освен што ќе имате само посветло место.

Свежи дамки

Секогаш кога ќе се излее црвено вино, најдоброто нешто што можете да направите е да ставите малку готварска сол за да го апсорбира виното. Ова решение важи во случај кога со виното ќе извалкате облека, простирка, завеси, мебел и други предмети во домаќинството, каде солта лесно може да го собере виното.

Стари дамки

Отстранувањето на старите дамки од вино малку е повеќе од предизвик. Најдобро е прво дамката да се потопи во топла вода, а потоа во било производ кој содржи течен кислород. Течен кислород се користи за да се направат многу производи за чистење, но го содржат и различните тоници за лице креми и слично. Искористете било кој од овие производи и оставете да делува од два да десет часа, а потоа само исплакнете со топла вода.

Не исплакнувајте со бело вино

Сигурно некој ви кажал за трикот – измијте црвено вино со бело и дамката ќе исчезне. Сепак, и во двата случаи, и од црвено и од бело вино, дамка што останува е од овошен сок. Дамката од бело вино е, секако, посветла, но ќе остане. Значи, тоа не е решение.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.