Глетка што ретко се појавува: Четвороструко виножито
Објавено на 23 април, 2015 во 06:02
Аманда Куртис се најде на право место во право време, кога снимени слика на четвороструко виножито. Две двојни виножита се појавија на небото по обилните дождови кои паднаа во државата Њујорк.
Во вторникот на небото над Лонг Ајленд се случи нешто што ретко се случува – две двојни виножита се појавија во многу кратко временско растојание.
Аманда Кертис, сопственичка на модна компанија, фотографиите ги направила додека чекала воз на станицата.
„Стоев на станицата кога ги видов двете двојни виножита и морав да ја искористат можноста да ги фотографирам – напиша Куртис под фотографијата на твитер.
Ова четворно виножито на небото се појавија по невремето проследено со дождови и силни грмотевици во Њујорк, во понеделникот ноќта.