Земјата се отвори: Нов џиновски кратер во Сибир, експертите збунети и исплашени
Во Сибир се отвори нов џиновски кратер, широк дваесетина метри и длабок 30 метри.
Големата дупка во земјата се појави одеднаш во регионот Новокузнецк, на стотина метри од најблиската куќа.
Претставници на надлежното министерство веднаш пристигнаа на лице место и го оградија кратерот во почвата. Експертите ги испитуваат причините за оваа појава.
Мештаните веруваат дека потеклото на кратерот е поврзано со постоењето на подземни тунели на напуштен рудник.
На околу 3.500 километри, постои една цела група на слични кратери, што се создаде во близина на гас бунари на Гаспром, во областа Бованенково.
Таму, во февруари се појавија дваесетина помали кратери околу еден гигантски,полн со вода.
Експертите не можат да се договорат за причините за овие појави. Додека жителите на селата сметаат дека појавата на кратерите е последица на напуштени рудници, претпоставките на геолозите се дека тие се резултат на емисиите на метан што се јавуваат како резултат на топењето на вечниот мраз, кој пак е предизвикан од глобалното затоплување.
Бидејќи метанот е високо запалив гас на жителите им се препорачува да не палат оган во близина на кратерот.