Илузија – одење по вода
Салар де Јони е мистична солена рамнина која се наоѓа во Алтиплано – Боливија и е лоцирана на околу 3,7 км над морското ниво.
Во врнежливиот период, кога солената пустина е покриена со вода, таа создава неверојатна природна рефлексија, како еден вид џиновско огледало, при што создава илузија како луѓето кои газат по неа, да чекорат по вода.
И покрај тоа што солената рамнина е убава сама по себе, сепак во комбинација со водата создава еден неверојатен надреален резултат.
Таа е особено извонредна во облачните денови, кога изгледа како нејзините посетители да се упатиле на прошетка накај небесните широчини.
Прекрасната метаморфоза која се случува на соленото земјиште долго 10.582 квадратни километри, кое воедно претставува и најголема солена рамнина на светот, е навистина една вчудовидувачка природна појава, која е прекрасно да се доживее и види.
Во неа се крие мистериозна убавина кога ќе се искомбинираат навидум бесконечната мокра солена пустина, со синото небо со пувкасти облачиња. Посетителите, никогаш не изумуваат да ја документираат ваквата рајска сцена, позирајќи на различни интересни начини пред фотоапаратот.
Извор: Радио Канал 77