(ВИДЕО) Кит убиец научи да зборува
Освен што се најголеми суштества на земјата, китовите се познати и по изразените комуникациски вештини кои различни едники, но и цели јата ги користат за разбирање, а нов експеримент покажа дека кит убиец, познат како орка, ноже да имитира и човечки говор.
Претходно се сметаше дека тоа можат само ретки птици, примати, фоки, слонови и делфини. Научниците тврдат дека ја снимиле орката Вики како со совјата тренерка повторува „здраво“ и „чао“, брои до три и го изговара името на тренерката Ејми.
Таа е 14 годишна орка која живее во Мериленд во француските Антиби и е прва на светот која научниците забележаа како повторува зборови.
Секој пат кога Вики ќе изговори добро некој збор, наградена е со риба и тапкање по главата, додека шест судии оценуваа во која мерка нејзината имитација се поклопува со оригиналниот звук.
Научниците сметаат дека ова може да се само дел од нејзините вокални можности, кои може да се поголеми.
{vembed Y=NJUDBApSdAA}