Самсунг претстави неуништлив мобилен телефон!
Објавено: 14 јануари, 2013, во 10:55 часот
Се витка како хартија!
Самсунг ни претстави радикален концепт на паметен мобилен телефон кој се витка како хартија. Корејската електронска компанија го презентираше овој уред на шоуто во Лас Вегас. Телефонот има Микрософт софтвер, но сеуште е само прототип.
Екранот користи органски диоди за прикажување на светло или пак ОЛЕД. Само тенок слој од овие хемикалии е потребно за да се добие светол екран со живописни бои. Во оваа верзија хемикалиите се ставени во пластиката, а не во стакло. Телефонот неможе баш да го свиткате на два дела како лист хартија, но може доста да се витка.
Компанијата, исто така, претстави и видео од иден концепт на телефон кој се отвара како книга со таблет екран.
